Ние сме тука за Вас, без разлика за што се работи

Комплетна понуда за Вашите осигурителни потреби на едно место брзо, лесно и сигурно.

2000+

задоволни клиенти
Тип на услуга:
E-mail адреса:
Телефон:

Нашите партнери

Кои осигурувања ги нудиме?

Комплетна понуда за Вашите осигурителни потреби на едно место брзо, лесно и сигурно.

Здравствено осигурување

Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци на осигуреникот со изор на лекар и клиника, термини што Вам Ви одговара, користење услуги без упат од матичен лекар...

Осигурување на моторни возила

Одговорен возач е посветен на својата безбедност, како и на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Преку грижа за своето возило и одговорно однесување при управување со возилото се минимизираат ризиците за настанување несакан настан.

Осигурување на имот

Осигурувањето на станбени објекти и предмети во домаќинството е организирано во пакети на осигурување со кои е покриена штета од уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети, а која ќе настане како последица на некоја од осигурените опасности – ризици.

Осигурување од незгода

Осигурувањето од последици на несреќен случај обезбедува надомест доколку поради несреќен случај настанат следните несакани последици:
Смрт од несреќен случај – незгода;
Траен инвалидитет од несреќен случај – незгода;
Трошоци за лекување од несреќен случај – незгода;
Преодна спреченост за работа (дневен надомест) од несреќен случај – незгода.

Велосипеди

Со популаризирањето на велосипедот како превозно средство и вклучувањето во сообраќај на сѐ поголем број луѓе на велосипед, ризикот од повреда, незгода или кражба се зголемува. Овозможуваме финансиска сигурност при несакани ситуации, за да можете да се заштитите себеси, омилениот велосипед и да продолжете да вртите на сигурно!

Патничко осигурување

Патот носи убави моменти, но и ризици да се доживее незгода или да се претрпи штета. Зошто да ризикувате да ви пропадне бизнис–зделката, да ви пропадне одморот или да не се видите со пријател? Остварете ја целта без оглед на ризиците. Добијте чувство на сигурност при патувањето и гаранција за надомест на штета.
КОИ СМЕ НИЕ?

Изберете ја компетентност на прво место

Нашата приказна

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно работно искуство во стопанството го преточија во успешна мисија, односно се впуштија во креирање на едно ново поглавје во осигурителниот бизнис. Претходните долгогодишни клиенти и соработници, упатуваат целосна поддршка за нејзина реализација.
Изберете ја компетентност на прво место, за ваше застапување пред осигурителните компании, како во поглед на склучување на договори за осигурување, така и при реализација на евентуални штети и креирање на нови осигурителни производи и услуги по ваша мерка.

Нашите клиенти за нас...

Брз и професионален тим.

Секогаш сум задоволен од услугите на оваа осигурителна компанија. Имаат брз и професионален тим кој ми помогна за сите мои потреби. Кога имав незгода, процедурата за поднесување на барање беше лесна, а исплатата брза и без стрес. Ги препорачувам на секого што бара сигурност и доверба!

Петар Ј.

клиент

Пријателски пристап.

По препорака на пријател, се осигурав тука и не згрешив. Пријателскиот пристап и јасните објаснувања за сите детали ме уверија дека сум на вистинското место. Кога ми требаше да поднесам барање за штета, целиот процес беше брз и транспарентен. Благодарам за професионализмот!

Ивана С.

клиент

Зошто да не одберете нас?

Иднината ја градиме заедно, здраво, безбедно и што е најважно, ОСИГУРЕНО!

Едноставен процес.

Преку едноставен процес, само во неколку чекори ја добивате посакуваната сигурност.

Се на едно место

Можете да добиете се на едно место, само одберете ги Вашите потреби за осигурување.

Флексибилен начин на плаќање

Можност за плаќање на рати и сите платежни картички.

ГАП ОСИГУРУВАЊЕ БИТОЛА

ул. „Никола Тесла“ бр. 34

ГАП ОСИГУРУВАЊЕ КИЧЕВО

Булевар „Ослободување“ 52/14 pece.cvetkov@gapos.mk

ГАП ОСИГУРУВАЊЕ ТЕТОВО

Скопски пат бр. 7 Тетово +389 72 761 852 gapbitola@gapos.mk

ГАП ОСИГУРУВАЊЕ КРУШЕВО

ул. „Илинденска“ бр. 1 krusevo@gapos.mk